Брусни плочи за сечење и брусење
Брусни плочи за сечење од програмата “Flex” се изработени од нормален електрокорунд или силициум карбид, зајакнати со стаклена ткаенина и со смолно везиво. Истите служат за сечење и груба обработка на метал и неметали. Тие се употребуваат на стационирани и рачно водени машини, со работна брзина од 80 или 100м/сек. На секоја брусна плоча, на налепницата која претставува и атест за производот, се напишани и означени условите за работа и критериумите под кои треба да се користат.
Брусни плочи
Производствена програма
-Рамни брусни плочи
-Брусни плочи за острење алати
-Брусни обрачи
-Брусни лонци
-Брусни плочи со дршка за внатрешно и надворешно брусење
-Брусни сегменти и бубрежнаци
-Брусни турпии и брусеви за хонирање
Вештачките брусеви опфатени во производствената програма можат да бидат во керамичко, смолно и магнезитно везиво
Рамни брусни плочи
Рамните брусни плочи се тркалезни брусни плочи со планпарлелни страни и со отвор за осовина. Рамните брусни плочи обично се изработуваат со рамен раб, но на барање на потрошувачите можат да бидат изработени и со профилирани рабови.Покрај стандардните димензии и квалитет на барање на купувачот ги изработуваме во сите димензии , но со најголема димензија до Ø -760мм.
Брусни плочи за острење алати
Брусните плочи од овие облици Служат за острење на сите видови алат како и за брусење на гранитни мерила, запчаници, навои и друго.Се изработуваат според светските стандарди освен облиците Клингелнберг, Мааг и Нилес. Другите облици и димензии на брусните плочи за острење алати ги изработуваме по желба на купувачот, а за нив е потребно да се достави цртеж.
Брусни обрачи
Брусните обрачи претставуваат брусни плочи кои имаатоблик на обрач. Служат за рамно и челно брусење.
Брусни лонци
Брусните лонци претставуваат брусни плочи кои имаат облик на лонец и можат да бидат во конусна и цилиндрична форма. Служат за рамно и челно брусење.
Брусни плочи со дршка за внатрешно и надворешно брусење
Брусни плочи со дршка се брусни плочи во разни облици и димензии кои се центрично прицврстени на железни осовини со дијаметар од Ø 3мм или Ø 6мм. Се изработуваат обично од благороден електрокорунд и силициум карбид во керамички, а по потрба и во смолно везиво.Се употребуваат на мали бруселици за внатрешно и надворешно брусење.
Брусни сегменти
Брусните сегменти претставуваат брусни тела во облик на сегмент коуи се прилагодени за стегање во специјални машински глави. При нарачување на брусните сегменти потребно е да се достави скица со потребни димензии.
Брусни турпии и брусеви за хронирање
Брусните турпии претставуваат брусни производи во разни облици кои се употребуваат за фино рачно дотерување. Брусните турпии од благороден електрокорунд се употребуваат за дотерување на сите видови алати, шаблони од челик, а брусните турпии од силициум карбид за дотеруванње на алати обложени со тврди метали, обоени метали и неметали. Брусевите за хонирање најчесто се употребуваат во индустријата за изработка на мотори со внатрешно согорување.